34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Челзи ќе го сруши клупскиот рекорд само за да го доведе најдобриот млад играч од СП во Катар

Аргентинецот Енцо Фернандес од Светското првенство во Катар покрај златниот медал за освоено прво место, си замина и со признанието за најдобар млад фудбалер на Мундијалот. Фернандес блесна на планетарниот собир, што беше само знак плус за големите клубови да се заинтересираат за него.

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид веќе подолго време ги следат настапите на овој млад играч, а сега во трката се вклучува и Челзи. Фернандес е член на Бенфика, а според најавите од Португалија, Челзи е подготвен да даде вистинско богатство за да го доведе на „Стемфорд бриџ“. Се шпекулира со трансфер вреден 130 милиони евра за некогашниот играч за врска на Ривер плејт.

- Оглас -

Најнови вести