Челзи е подготвен да даде 22 милиони евра плус уште пет милиони евра во бонуси за да го врати Пјер-Емерик Обамејанг во Лондон и според дел од англиските и шпанските медиуми, многу е блиску до договор со Барселона.
Се очекува трансферот да биде и официјално завршен во текот на денешниот ден или најдоцна до утре.
https://twitter.com/relevo/status/1561709616211398658?s=20&t=ug3oqb1nHPMGcgpMyGillQ
Барселона бара 30 милиони евра за да го ослободи популарниот Ауба, а Челзи првично нудеше 10 милиони евра помалку, но сега ја подобри понудата и е блиску до ангажман на поранешниот капитен на Арсенал.