Челзи ќе го засили нападот со играч на Брајтон

Челзи покажува интерес за 22-годишниот напаѓач на Брајтон, Жоржинио Рутер, и размислува да го ангажира во претстојниот летен преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Рутер, кој својата кариера ја започна во младинскиот погон на Рен, во 2023 година во рекорден трансфер дојде во Лидс. Во август 2024 година се пресели во Брајтон.

Оваа сезона има одиграно 34 натпревари во сите натпреварувања за Брајтон, при што постигна осум голови и реализира пет асистенции.


Неговиот договор со клубот трае до летото 2028 година, а неговата моментна пазарна вредност изнесува 32 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести