4.8 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Челзи ќе ја засилува одбраната со дефанзивец на Рен

Централниот дефанзивец на Рен, Жереми Жаке, се наметнува како една од главните трансферни цели на Челзи во зимскиот преоден рок.

Раководството на лондонскиот клуб веќе од почетокот на неделава води интензивни разговори со цел ангажман на нов стопер, а младиот Французин се разгледува како решение што може веднаш да придонесе во одбраната.

20-годишниот Жаке е под лупа на Сините уште од јули, а во моментов се наоѓа на потесната листа од тројца кандидати за засилување на проблематичната позиција во срцето на одбраната.

Од „Стемфорд Бриџ“ се очекува наскоро да донесат конечна одлука, со оглед на тоа што Челзи сака уште во јануари да ја стабилизира дефанзивната линија.

Во актуелната сезона, Жаке има запишано 17 настапи за Рен во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести