Клаудио Раниери како тренер на Лестер успеа да го направи најголемото чудо во англиската Премиер лига и стана шампион во 2016 година. Сега мисијата на италијанскиот стратег е сосема поинаква. Треба да го спаси тимот на Фулам од испаѓање.
Фулам моментно е во опасната зона, а за што е можно побрзо бегање од таму, Раниери побара помош од Челзи. Италијанскиот стратег контактирал со својот сонародни Маурицио Сари и побарал лондонскиот сосед да му даде тројца играчи.
Се работи за купување на дефанзивецот Кејхил, како и за двајца фудбалери на позајмица. Раниери го бара Дени Дринквотер, кому му беше тренер во Лестер, но овој играч не доби вистинска шанса во Челзи. На „Крејвен котиџ“ би можело да заврши и Нигериецот Мозес, кој исто така е вишок во Челзи.
Раниери се обидува да го доведе и Марко Пјаца од Јувентус, каде што Хрватот нема многу шанса да игра, а сигурно би бил од корист за Фулам. По 21 меч во Премиер лигата, Фулам е на претпоследното, 19-то место на табелата само со 14 бодови. Кардиф, кој е на сигурната 17-та позиција, има 18 бодови, што значи дека опстанокот не е невозможна мисија.