Грахам Потер се задржа на клупата на Челзи само седум месеци. Клубот го предводеше на 31 натпревар на кои забележа 11 победи, 8 нерешени и 12 порази. Големите средства кои ги вложи раководството на клубот не се покажаа како оправдани на теренот и Челзи е на катастрофалното 11-то место на табелата.
Според договорот, Потер на клупата на Челзи требаше да заработува по 12 милиони фунти годишно (13,65 милини евра). Клаузулата во договорот за предвремен раскин значи и обесштетување од 50 милиони фунти (57 милиони евра).
Сепак, Челзи нема да му ја исплати оваа сума на сега веќе поранешниот тренер бидејќи двете страни спогодбено се договорија таа сум да биде помала. Така Потер ќе добие компензација за отказот од 21,5 милиони фунти (24,5 милиони евра), што секако ќе претставува највисока сума што е исплатена на некој тренер за предвремено раскинување на договорот.