24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Челзи ќе победи, а дали ќе заврши „мачењето“ на Манчестер јунајтед?

1148 Астон вила – Брајтон (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои одлично ја започнаа сезоната, но како што поминуваше времето, паѓаа во формата и резултатите. Брајтон е без победа на последните шест меча (четири ремија и два пораза), додека Астон вила, која е дел и од Лигата на шампионите е само со три победи во последните 10 првенствени дуели.

На четири од последните пет меѓусебни пресметки имало најмалку три погодоци и голови во мрежите на двата тима, па може да се очекува интересен дуел со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.99)

 

1149 Ипсвич – Челзи (20:45 ч.)

Во последното коло Челзи киксираше и загуби од Фулам на свој терен првпат по 45 години. Сега Сините очекуваат да се коригираат на гости кај екипа која е „печена“ за испаѓање. Ипсвич има освоено само 12 бода од 18 кола и е на претпоследното место на табелата.

Безмалу два гола во просек на меч прима одбраната на Ипсвич, па Челзи со големите ѕвезди во составот тоа треба да го искористи.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

1150 Манчестер ј. – Њукасл (21 ч.)

Кошмарот на Манчестер јунајтед трае и по доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, па Црвените ѓаволи паднаа дури на 14-тото место на табелата. За разлика од нив, Њукасл нареди три победи по ред и оптимистички патува на гостувањето против ривалот кој го победија трипати во последните четири дуели.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

5604 Енпи – Ал-Ахли (16 ч.)

Египетскиот гигант Ал-Ахли е единствен без пораз во првите пет кола од првенството, додека Енпи има само една победа во шест дуели. Неверојатно делува традицијата дека Ал-Ахли има дури 14 победи и само едно реми во последните 15 пресметки со овој ривал.

Едноставно, тука гостите треба да покажат квалитет и без многу дилеми и проблеми да стигнат до нови три бода.

Предлог тип: 2&2-4 (1.82)

 

1539 Фамаликао – Санта Клара (21:15 ч.)

Санта Клара е единствениот тим во португалското првенство што нема одиграно ниеднаш нерешено сезонава (девет победи и шест порази). За разлика од нив, Фамаликао има дури седум нерешени во 15 средби. Двете екипи негуваат дефанзивна тактика и ретко има повеќе од два гола, па може да се очекува и оваа традиција да продолжи.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.76)

- Оглас -

Најнови вести