Челзи ќе се обиде да му го „украде“ Коло Муани на Јувентус

Англискиот премиерлигаш Челзи има желба да донесе уште еден напаѓач, и покрај тоа што веќе ги обезбеди услугите на Лијам Делап. Лондонскиот клуб испратил понуда до Пари Сен Жермен за Рандал Коло Муани, пренесува „Л’Екип“.

26-годишниот фудбалер е на позајмица во Јувентус од јануари. Бјанконерите сакаат да го задржат, но се обидуваат да ја продолжат позајмицата. Доколку ПСЖ добие понуда за директна продажба од Челзи, најверојатно ќе го преферира тој исход.

Лондончани покажуваат интерес и за уште еден Французин, Уго Екитике. Но, напаѓачот на Ајнтрахт чини 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести