Англискиот премиерлигаш Челзи има сериозен план кој сака да го реализира до почетокот на септември. Со оглед дека има преголем број играчи, клубот планира да реализира неколку продажби, со кои ќе заработи добро со цел да собере околу 200 милиони фунти.
Последното засилување на клубот е Педро Нето, кој пристигна од Вулверхемптон за 54 милиони фунти. Челзи има уште две сериозни желби до крајот на преодниот рок, а тоа се Жоао Феликс и Виктор Осимен.
Менаџерот Енцо Мареска му соопштил на раководството дека сака да работи со група од 25-мина играчи, а во моментов Челзи има и повеќе од 50 регистрирани играчи под договор.
Од познатите играчи, Лукаку е цел на Наполи, Чалоба е на прагот на Кристал палас, Армандо Броја е на листата на Штутгарт и на Вулверхемптон и само од нив се очекува заработка од околу 70 милиони фунти.
На продажба се и Стерлинг, Фофана, Галагер, голманот Кепа, Чуквуемека, кој вреди околу 30 милиони, исто така е на продажба, а тука е и крилниот играч Нони Мадуеке.