Фаворитите во Африка се сигурица на денот

1002 Брајтон – Челзи (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

Челзи се наоѓа во навистина турбулентен период. Сите случувања со Ромелу Лукаку и тренерот Томас Тухел, но и големиот број на повредени фудбалери негативно влијаеа на актуелниот европски првак.

Затоа Челзи вечерва едноставно мора да победи за да си ја врати самодовербата по поразот од Манчестер сити, но и по четирите неуспеси во последните пет средби.

Брајтон е далеку од наивен противник но дома игра променливо, а вечерва конечно ќе дочекаме и блесок и на Лукаку по подолго време.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.30)

1301 Бетис – Алавес (Ла Лига Шпанија, 20:00 часот)

Бетис по голема драма и големи немили сцени ја совлада Севиља во големото градско дерби во рамките на шпанскиот куп.

Целиот тој моментум ќе се обидат да го искористат и во Ла Лига каде што котираат високо на третото место но и тие во последно време не играат според плановите. Односно во последните три кола имаат само еден освоен бод.

Алавес е противник по мера, бидејќи прима во просек речиси по два гола на гостувањата а и меѓусебните дуели (3:2, 1:2) кога е Бетис домаќин најавуваат голеада.

Предлог тип: 1&3+ (2.30)

5700 Малави – Сенегал (АФКОН, 17:00 часот)

Сенегал е фаворит на оваа средба, но кога станува збор за натпреварите од Афричкиот куп на нации, ништо не се знае.

Сенегал има четири бода исто колку и Гвинеја, додека Малави е само на минус еден и ништо нема да се знае до последните мигови.

Сепак, ако се погледне играчкиот кадар на Сенегал сосема е јасно зошто тие се едни од најголемите фаворити на ова натпревариување и по два слаби натпревари време е да блеснат во вистинско светло.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.40)

5703 Гана – Коморос (АФКОН, 20:00 часот)

Едноставно е, Гана ако не победи, може да си ги спакува куферите и да си замине дома. Една од најуспешните и најквалитетните селекции од Африка денеска го игра натпреварот да се биде или не.

Само еден освоен бод доволно за третото место, а и со победа не и е загарантирано местото во елиминациите.

Доколку Габон извади нерешено со Мароко, тогаш Гана својата шанса ќе ја чека да биде меѓу четирите најдобро третопласирани екипи од можни шест, а и таму ќе има бајаги гужва бидејќи многу селекции би имале толку бодови и ќе одлучува гол разликата.

Затоа на Гана ќе и треба што поубедлива победа денеска, па и евентуално да се надева на пораз на Габон од Мароко за да оди како второпласирана.

Предлог тип: 1&3+ (2.10)

1011 Фулам – Бирмиргем (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Фулам доминира во најквалитетната втора фудбалска лига во светот и е на добар пат да се врати во елитата во Англија. Александар Митровиќ е расположен за голови и во оваа сезона и до сега има дури 27 погодоци.

Бирмиргем, пак е во долната зона и главниот фокус е за тоа да не испаднат во понизок ранк, сепак за волја на вистината има многу полоши тимови од нив сезонава а на ова гостување доаѓаат без никаков резултатски притисок.

Предлог тип: 4+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести