Англискиот премиерлигаш Челзи реши да инвестира во идните генерации. Лондонскиот тим во своите редови го доведе 19-годишниот Лесли Угочукву од францускиот Рен.
Талентираниот играч за врска на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа за трансфер вреден 27 милиони евра. Договорот е потпишан на седум години со опција за продолжување на уште една сезона.
Угочукву во изминативе две сезони одигра 67 натпревари за Рен, а е дел и од младинската селекција на Франција за играчи до 19 години.
„Тој е талентиран фудбалер и беше неопходно да го донесеме. Ќе видиме како ќе биде понатаму, дали ќе остане со нас или ќе оди на позајмица“, вели тренерот на Челзи, Маурисио Покетино.
A new Blue in town! 🔵
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 1, 2023