20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Челзи купи двајца таленти на Спортинг Лисабон за 74 милиони евра

Челзи потпиша преддоговори со двајца фудбалери на Спортинг Лисабон. Сините од Лондон ги ангажираа Џовани Кенда и Дарио Есуго за вкупно 74 милиони евра.

Кенда има 17 години и оваа сезона се истакнува во дресот на Лавовите. Дваесетгодишниот Есуго игра како дефанзивен играч за врска и во моментов е на позајмица во Лас Палмас.

Вкупниот финансиски пакет изнесува 74 милиони евра, при што Кенда ќе пристигне во Лондон во летото 2026 година, а Есуго ќе се приклучи една година порано, во летото 2025 година.

Есуго, за кого Челзи ќе плати 22,27 милиони евра, оваа сезона одигра 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол. Од друга страна, Кенда (52,14 милиони евра) настапи на 44 натпревари, постигна два гола и забележа осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести