Челзи купи фудбалер на Виљареал и потпиша осумгодишен договор (Видео+Фото)

Екипата на Челзи и официјално објави дека го купи фудбалерот на Виљареал, Нико Џексон, за 35 милиони евра. 22-годишниот репрезентативец на Сенегал со клубот од “Семфорд Бриџ“ потпиша договор на осум години.

Вредноста на Џексон според Трансфермаркет е 30 милиони евра, а тој во Виљареал пристигна во 2019-тата година од сенегалскиот Каса Спорт. За првата екипа на Виљареал во сите натпреварувања одигра вкупно 47 натпревари и постигна 13 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести