Португалецот Педро Нето е нов фудбалер на екипата на Челзи. Сините од Лондон за него платија 60 милиони евра на Вулверхемптон, но постои можност и за три милиони евра дополнителни бонуси. Десното крило во поранешната екипа одигра 135 натпревари, на кои постигна 14 гола и забележа 24 асистенции.
Нето е деветтиот нов фудбалер во Челзи ова лето, со што сумата за трансфери кои ја потроши раководството на овој клуб се искачи на 189 милиони евра. Претходно беа ангажирани и Киран Девсбери-Хал од Лестер за 35,4 милиони евра, голманот Филип Јоргенсен од Виљареал за 24,5 милиони евра, Омар Келиман од Астон вила за 22,5 милиони евра, Арон Анселмино од Бока јуниорс за 16,5 милиони евра, Ренато Виега од Базел за 14 милиони евра, Калеб Вили од Атланта за 10 милиони евра, Марк Гују за шест милиони евра, додека Тосин Арадабија дојде како слободен фудбалер од Фулам.