Челзи лесно до победата кај Вест хем, навивачите веќе се надеваат на пласман во ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Челзи продолжуваат со одличните игри оваа сезона и разврската од петтото коло ќе ја чекаат на втората позиција со 10 бода. „Сините“ го победија Вест хем со 0-3 на гостински терен и само ја продлабочија кризата кај „чеканите“, кои имаат три порази на трите домашни натпревари оваа сезона во Премиер лигата.

Победникот во Лондон беше познат многу рано, со оглед на тоа дека Челзи после 20-тина минута веќе имаше убедливи 0-2. Никола Џексон со два гола во четвртата и 18-тата минута го најави триумфот на Челзи, а Кол Палмер во 47-мата минута ги постави конечните 0-3.

Челзи доминираше во текот на целиот натпревар, па навивачите на „сините“ со право се надеваат дека оваа сезона ќе успеат да дојдат до пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести