Играчите на Спортска прогноза се сѐ поблиску до освојување на главната премија, а тоа е да погодат 13-ка. Во минатото коло неколку минути го делеа еден прогнозер да ги погоди сите 13 пара, а со тоа и да стигне до главната премија, односно да може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X). Со 12 погодени, добивката е вредносен ваучер во Sport Life од 1.000 денари, додека за 11-ка ваучерот е 500 денари.
Во понудата на 11-тото коло, прогнозерите веќе одвоија три меча кои се како сигурици: Челзи да победи кај Брајтон, Олимпик Марсеј да победи на теренот на Стразбур, како и Лион да биде подобар од Лил. Сепак, има уште осум дуели кои исто така треба да се погодат за да се стигне до главната премија.