Јагелонија, тимот на Дарко Чурлинов, го победи молдавскиот Петрокуб со 2-0 во второто коло од Конференциската лига. Стрелец на двата гола за полскиот тим беше Пулулу, а Чурлинов беше стартер и играше до 78-мата минута.
Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов оствари триумф од 0-1 на гости кај АПОЕЛ на Кипар. Николов доби шанса во 58-мата минута, а Шишковски остана на клупата за резерви. Австриецот Стефан Савиќ во 63-тата минута го постигна победничкиот гол за Борац Бања Лука.
Челзи беше убедлив на гостувањето кај Панатинаикос и славеше со 1-4 во Атина.
Португалецот Жоао Феликс постигна два гола за Челзи, а погодија и Михајло Мудрик и Кристофер Нкунку. Единствениот гол за ПАО го постигна Факундо Пелистри.
Фиорентина славеше со 2-4 на гости кај Сент Гален, Целје го декласира Башакшехир со 5-1, а Гент во последните секунди го совлада Молде со 2-1.