30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Челзи мора да обезбеди најмалку 60 милиони фунти од продажба за да ги регистрира новите засилувања

Челзи мора да обезбеди најмалку 60 милиони фунти од продажба на фудбалери за да ги регистрира своите нови засилувања за настап во Лигата на шампионите, објавија британските медиуми

Минатата недела УЕФА го казни клубот од Западен Лондон поради неправилности во прикажувањето на приходите и надминување на лимитот на трошоци за екипата.

Сините нема да можат да додаваат нови фудбалери во составот за Лигата на шампионите во следната сезона, освен ако не остварат позитивен финансиски биланс. Тоа значи дека сите нови трошоци мора да бидат покриени со приходи од продажба на фудбалери. Дополнителни приходи од Светското клупско првенство или други награди нема да помогнат во исполнувањето на условите.

Во моментот, Челзи сè уште нема регистрирано неколку нови засилувања, Лијам Делап, Жоао Педро и Џејми Гитенс.

Раководството на клубот би можело да биде приморано да продаде играчи во вредност од најмалку 60 милиони фунти за да ги регистрира овие нови фудбалери и да ги исполни критериумите на УЕФА за „позитивен биланс“. Во спротивно, новите засилувања нема да можат да настапуваат во европските натпреварувања.

Челзи минатата сезона ја освои Конференциската лига на УЕФА, а оваа година се пласираше до полуфиналето на Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести