Англискиот премиерлигаш Челзи славеше со 2:0 над Борусија Дортмунд во реванш мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите и овој резултат беше доволен за пласман во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Борусија Дортмунд во првиот меч победи со 1:0 и тоа се покажа како недоволно за да се радува по мечот на „Стемфорд Бриџ“.
Рахим Стерлинг погоди за 1:0 пред крајот на првото полувреме, откако англискиот репрезентативец одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите.
GOAL | 44' Sterling ⚽️
Chelsea 1-0 Dortmund Borussia#CHEBVB #ChampionsLeague
pic.twitter.com/FJmnqyZQuG— Halftime Football (@halftimefooty) March 7, 2023
На почетокот на второто полувреме се случи драма која се покажа како клучна за овој двомеч. Во 48 минута топката удри во рака на еден играч на Борусија Дортмунд, па арбитрите од ВАР собата сугерираа дека треба да има пенал.
Каи Хаверц реши да го изведе пеналот, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се мислеше дека резултатот ќе остане 1:0, повторно се јавија судиите од ВАР собата кои сигнализираа дека играчи на Борусија предвреме влегле во шеснаесетникот и пеналот мора да се повтори
Од повторената ситуација, Хаверц успеа да погоди за 2:0, а тој погодок се покажа како клучен за пласман на Челзи во четвртфиналето од елитното натпреварување на УЕФА.