Елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите може да значи крај за Зинедин Зидан и Реал Мадрид. Кралевите потфрлија во реваншот против Сините во поразот вчера од 2-0 во Лондон, а особено лошо настапија гостите во второто полувреме.
Целокупно гледано, да се биде во топ 4 екипите во Европа е успех за Реал ако се знае дека едвај се протна во групната фаза, а до полуфиналето победуваше екипи како што се Ливерпул и Аталанта. Зидан го извлече максимумот од оваа генерација на фудбалери кои во минатата деценија освоија четири европски титули, па најавите се дека е време за реконструкција на тимот и чистење на неколку ветерани.
Покрај тоа што ќе си заминат голем дел од играчите, нема да биде изненадување доколку и Зинедин Зидан го напушти кормилото по крајот на сезоната, а тоа ќе биде многу веројатно доколку Реал не ја одбрани титулата во Ла Лига за која е во тесна битка со градскиот ривал Атлетико и Барселона.
За потсетување, Зидан си замина од Мадрид откако го водеше Реал до три европски титули во низа, но се врати на клупата по неуспешните епизоди на Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари.