20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Челзи му го продолжи договорот на Кол Палмер до 2033

Кол Палмер, репрезентативецот на Англија, минатото лето пристигна на „Стемфорд бриџ“ за сума од 50 милиони евра. Тогаш потпиша договор до 2031 година, но од екипата на Челзи денес се пофалија дека неговиот договор е продолжен до 2033 година.

Палмер ќе добива поголема плата, а доколку успее да остане до крајот на договорот, ќе стане вистинска легенда на клубот од „Стемфорд бриџ“. Дваесет и двегодишниот фудбалер минатата сезона одигра 45 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, а успеа да постигне дури 25 гола.

- Оглас -

Најнови вести