Челзи му направи почесна гарда на Ливерпул, три минути подоцна му даде гол (Видео)

Челзи води со 1-0 против Ливерпул по првото полувреме на премиерлигашкото дерби. Пред почетокот на средбата, кога играчите на новиот првак излегуваа на терен, Сините направија тунел од почесна гарда и ги поздравија со аплауз.

Овој потег на Челзи е спортски и коректен, но не им се допадна на навивачите кои гласно негодуваа и исвиркуваа. За нив, тоа е понижување.

Ова како да им се пресече нозете на гостинските фудбалери, па после само три минути примија гол. Енцо Фернандес даде гол, а Челзи можеше да води и поубедливо против не баш мотивираниот противник.

- Оглас -

Најнови вести