Чарли Мусонда си замина од Челзи минатиот месец и по 10-годишен престој во клубот од Лондон, потпиша за белгискиот прволигаш Зулте Варегем и оттогаш буквално исчезна.
Ниту еднаш по потписот за белгискиот клуб не се појави на тренинг и му нема ни трага, ни глас.
„Не знаеме каде е, ниту кога и дали ќе се појави на тренинг. Прво ни даде информација дека има семејни проблеми и потоа исчезна“, изјави Еди Кордие, еден од челниците на Зулте Варегем.
Мусонда е играч од средниот ред, има 25 години, а 10 години беше во Челзи.