Челзи на „Стемфорд бриџ“ прими гол од петтолигаш, Евертон и Саутхемптон се спасуваа (Видео)

Челзи без проблеми се пласираше во следното коло од ФА Купот, откако со убедливи 5:1 го победи Честерфилд. Европскиот првак рутински уште во првото полувреме даде четири гола за да нема никакви дилеми, а потоа поведе и со 5:0.

Петтолигашот Честерфилд во 80 минута преку Асанте успеа да даде почесен гол, за голема радост на фановите на гостите кои беа на „Стемфорд Бриџ“.

https://twitter.com/i/status/1479914852869197826

Евертон и Саутхемптон се намачија на гостувањата кај Хал и Свонси. По 90 минути, на двата меча беше 2:2, а во дополнителните 30 минути, премиерлигашите успеаа да постигнат трет погодок и да одат понатаму.

 

- Оглас -

Најнови вести