Челзи направи вистински потег со ангажманот на големиот бразилски талент Андреј Сантос, за кого беа заинтересирани и неколку други фудбалски гиганти.
Младиот 18-годишен играч на Васко де Гама веќе е во Лондон и треба само да потпише договор и бидејќи е полнолетен може и веднаш да игра за Челзи.
Трансферот ќе ги чини Сините 12,5 милиони евра, што е дури за трипати помалку од сумата што е ставена во клаузулата со договорот што го има Сантос со Васко де Гама.
При потписот на договорот со бразилскиот клуб на 18-годишниот дефанзивен играч за врска беше ставена отштетна клаузула од 40 милиони евра, а Челзи успеа да го добие за 12,5 милиони евра.
Клубот од Лондон очекува од Сантос да биде комбинација од Канте, Жоржињо и Ковачиќ, а сите тројца може да си заминат во зимскиот преоден рок, или тој по него идното лето.