9.8 C
Skopje
вторник, 6 јануари 2026

Челзи не мисли да штеди, подготви 130 милиони фунти за англиски репрезентативец

Англискиот премиерлигаш Челзи планира трансфер кој би можел сериозно да го раздвижи фудбалскиот пазар на Островот. Како што пренесуваат шпанските медиуми, раководството на лондонскиот клуб разгледува понуда што би влегла меѓу највисоките во клупската историја.


Главна цел на Сините од Лондон е англискиот репрезентативец и крилен фудбалер на Астон Вила, Морган Роџерс, кој сезонава игра во одлична форма.

Според порталот „Фишајес“, Челзи е подготвен да плати неверојатни 130 милиони фунти за еден од најперспективните играчи во Премиер лигата.

Младиот офанзивец е меѓу најважните алки во тимот на Астон Вила оваа сезона, а неговите настапи го привлекоа и вниманието на селекторот на Англија. Во Челзи одамна бараат стабилно и долгорочно решение за крилната позиција, а Роџерс се вклопува во таа визија.

Јасно е дека управата на клубот не планира штедење кога станува збор за враќање на Челзи меѓу елитата на англискиот и европскиот фудбал.

Од друга страна, Астон Вила не планира лесно да се откаже од својот голем адут, па евентуалните преговори би можеле да бидат долги и компликуваани. Навивачите на клубот веќе јавно реагираа, предупредувајќи дека заминувањето на Роџерс би било сериозен удар за амбициите на тимот од Бирмингем.

- Оглас -

Најнови вести