Челзи не престанува да троши: Се подготвува трансфер на млада уругвајска ѕвезда (Фото)

Екипата на Челзи и покрај вложените големи финансии, игра сезона за заборав во англиската Премиер лига. Секојдневно се шпекулира со нови фудбалери кои би го засилиле клубот од „Стемфорд бриџ“, а сега во игра е и млад уругвајски интернационалец.

Според информациите, Н’голо Канте налето ќе си замине од Челзи и најверојатно ќе се пресели во Арсенал, иако за него има заинтересираност и од ПСЖ и Барселона.

На негово место треба да пристигне 22-годишниот уругваец Мануел Угарте, кој настапува за Спортинг Лисабон, но е и стандарден репрезентативец на Уругвај.

Сепак, овој трансфер би се реализирал дури откако Челзи трајно ќе го реши прашањето за новиот тренер кој ќе го наследи Лампард.

За услугите на Угарте заинтересиран е и Ливерпул, кој има намера да понуди 60 милиони евра за да го доведе на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести