Челзи не се мачеше многу, Бетис има перфектен тандем

Екипите на Челзи, Фиорентина и Бетис не дозволија изненадување во Конференциската лига на УЕФА и одат во следната фаза. Челзи на „Стемфорд Бриџ“ минимално со 1:0 го победи Копенхаген и на тоа ако се додаде и победата од првиот меч на гости со 2:1, англискиот тим без многу проблеми оди во четвртфиналето.

Бетис убедливо со 4:0 победи на гости во Португалија против Виторија Гимараеш. Бакамбу постигна два гола во првите 20 минути, а потоа Антони и Иско стапија на сцена. Прво Антони погоди на асистенција на Иско, а потоа беа сменети улогите. Иско даде гол, а Антони асистираше.

Фиорентина со 3:1 го победи Панатинаикос и ја анулираше негативата од 2:3 по првиот меч во Атина.

- Оглас -

Најнови вести