Челзи не знаеше да го победи Ајакс, па вечерва во ЛШ имаше „само“ два меча со „два во еден“

Феноменалниот меч помеѓу Челзи и Ајакс, кој донесе осум гола, а гостите 20-тина минути се одбранија со двајца играчи помалку, беше еден од многуте дуели кои оваа вечер во Лигата на шампионите ја направија незаборавна.

Ремито во Лондон го искористи Валенсија, која со пресврт го победи Лил и се изедначи со Челзи и Ајакс со по 7 бода на две кола до крајот на групите. Ова е трет пат англиски тим да не загуби меч на кој губел со три гола разлика, а претходниот пат тоа се случи во финалето во 2005 година помеѓу Ливерпул и Милан.

Интер имаше комотни 2-0 по првото полувреме во Дортмунд, но Борусија предводена од Ашраф Хакими направи голем пресврт и ги оддалечи Италијанците од осминафиналето. Во таа група лидер е Барса, па и Каталонците ќе имаат придонес околу тоа кој ќе оди понатаму.

Ливерпул не беше убедлив, но најважно е дека освои три бода и сега е лидер во групата во која второто место го држи Наполи, кој одигра доволни 1-1 против Салцбург. Елиф Елмас не влезе во игра.

- Оглас -

Најнови вести