Челзи нема да победи на „Олд Трафорд“

1001 Манчестер јунајтед – Челзи (20.45 часот)

Поразите од Ливерпул и Арсенал во претходните две кола го ставија Манчестер јунајтед во позиција дека ако сака да игра во Лигата на шампионите следната сезона, не само што веќе не смее да губи, туку мора да победува на сите мечеви до крајот. Челзи и со пораз ќе остане сигурен на трета позиција, но Сините нема лесно да се откажат од бодовите на „Олд Трафорд“. Челзи има само пет порази сезонава во Премиер лигата во 32 кола, но два беа овој месец. По овој меч, на Јунајтед ќе му останат само уште три средби и нема да зависи само од него дали ќе се пробие до четврто место. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови завршија нерешено, со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2.18)

 

6021 Лајпциг – Глазгов ренџерс (21.00 часот)

Лајпциг во четвртфиналето на Лигата на Европа ја елиминира Аталанта, а италијанскиот тим можеби е и посилен од Ренџерс, па Црвените бикови важат за фаворити на хартија. Ренџерс беше подобар од Брага во претходната рунда. Двата тима имаат кадровски проблеми. Кај Лајпциг суспендирани се Орбан, Кампл и Симакан, додека кај Шкотите повредени се Морелос, Хеландер и Хаџи. Лајпциг викендов киксира дома во Бундеслигата и ќе сака да се извади со голем европски триумф.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.74)

 

6022 Вест Хем – Ајнтрахт (21.00 часот)

Вест хем здивна кога го доби Ајнтрахт, а не Барселона за противник, но премиерлигашот знае дека не смее да ги потцени Германците. Чеканите одамна не биле во ваква позиција, титула во ЛЕ носи место во ЛШ и тоа е огромна мотивација. Овие непредвидливи тимови се во променлива форма, никогаш не играле меѓу себе и реално е да се види барем по еден гол во двете мрежи. Ајнтрахт има серија од четири меча по ред на кои прима по два гола.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

6048 Лестер – Рома (21.00 часот)

Лестер во четвртфиналето го елиминира ПСВ, а победата против Холанѓаните ја извојува на гости, додека дома одигра без голови. И Рома која реваншот го игра на „Олимпико“, би била задоволна ако не загуби во Лестер. Римската волчица викендов загуби од Интер во Серија А, па Мурињо нема да сака да се посрамоти на гостувањето во Англија, каде добро го познаваат. Последен меч на кој Рома не даде гол, беше на 8 февруари, во Купот на Италија, па одбраната на Лисиците ќе биде ставена на тест.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

6881 Феенорд – Марсеј (21.00 часот)

Клубот од Ротердам се истакна со својата ефикасност, сите натпревари во нокаут-фазата од Лигата на Европа им беа со 4+ голови и на сите четири меча даваа барем три гола. Марсеј имаше напнато четвртфинале против ПАОК, но успеа да извојува две минимални победи. Феенорд е во добра форма, во 2022 има само три порази, но во последно време и редовно прима гол. Марсеј има убава позитивна низа, втор е во француското првенство и јасно е дека нема да потклекне на атмосферата на „Де Кајп“.

Предлог тип: 3+ (1.75)

- Оглас -

Најнови вести