Англискиот премиерлигаш Челзи успеа да ги надмине проблемите со студот и минусните временски температури во Казахстан и ја победи Астана со 1-3. Тоа е петти триумф за тимот на Енцо Мареска во исто толку натпревари во Конференциската лига.
Марк Гиу со два гола брзо донесе предност од 0-2, а Ренато Веига постигна и трет погодок во првиот дел.
Марин Томасов беше стрелец на погодокот за Астана во 45-та минута. Во првото полувреме во тимот на Астана настапи и македонскиот интернационалец Алекса Амановиќ.