Челзи никогаш нема загубено од Бенфика, Бразилците ќе одиграат неефикасно осминафинале (Фото)

6202 Англија У21 – Германија У21 (21:00)

Младите репрезентации на Англија и Германија ќе играат во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година, кое се одржува во Словачка. Овие две селекции играа заедно и во групната фаза, а тој натпревар заврши со победа на Германија од 2-1. Слично сценарио се очекува и во финалето, односно и двете екипи да бидат ефикасни и да има најмалку три гола на целиот меч.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.83)

 

6704 Палмеирас – Ботафого (18:00)

Осминафиналната фаза од Светското клупско првенство се отвора со бразилски дуел на Палмеирас и Ботафого. Двете екипи одлично се познаваат и која и да се пласира во четвртфиналето, ќе направи голем успех. Последниот меѓусебен дуел на овие две екипи заврши без голови, 0-0, а сличен епилог се очекува и вечерва, со оглед на тоа дека и двете екипи ќе влезат претпазливо во мечот.

Предлог тип: 0-1I&0-1II (1.89)

 

6712 Бенфика – Челзи (22:00)

Челзи ја има фаворитската улога во дуелот од осминафиналето на клупскиот Мундијал против Бенфика. Овие две екипи имаат одиграно три натпревар и на сите три победувале „сините“, двапати со по 2-1 и еднаш со 1-0. Избраниците на Енцо Мареска на ова натпреварување дојдоа со високи амбиции, а ќе бидат на чекор од нивно остварување доколу вечерва ја елиминираат Бенфика.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.74)

 

2501 Розенборг – Викинг (18:00)

Во најквалитетната норвешка фудбалска лига вечерва се игра само еден меч и тоа дерби дуел на третопласираниот и првиот. Розенборг го пречекува лидерот Викинг, а она што може да го очекуваме од двете екипи се головите. Домашните нема што да бранат, заостануваат 10 бода, но имаат и натпревар помалку, па ќе мора да тргнат во офанзива ако сакаат да ја намалат предноста на Викинг и да се вклучат во битката за титулата во Норвешка.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.82)

 

3656 Клаксвик  – Судурој (18:30)

Екипата на Клаксвик е убедлив лидер во првенството на Фарските острови, а денес на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ Судурој. Се освен убедлива победа на домашната екипа ќе биде големо изненадување, па затоа се очекуваат најмалку пет гола.

Предлог тип: 5+ (1.70)

- Оглас -

Најнови вести