9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Челзи нудеше 70 милиони евра, но доби „корпа“ од Јувентус

Англиските клубови секогаш се предводници во преодните периоди, што е и логично затоа што тие се финансиски најмоќни. Челзи одлично се засили и доведе многу играчи, но сепак лондонскиот гигант доби и една „корпа“.

Челзи беше заинтересиран во летниот преоден рок да го доведе Кенан Јилдиз од Јувентус. Англискиот тим понуди дури 70 милиони евра за трансфер на еден од најдобрите играчи на Јувентус во Челзи, но до договор не дојде.

Челниците на Старата дама ја одбија понудата покажувајќи дека на Јилдиз сметаат на многу подолг период, Италијанскиот тим сега планира да му го продолжи договорот на Јилдиз до 2030 година, со зголемување на платата која ја добива.

- Оглас -

Најнови вести