Челзи е првиот освојувач на Светското клупско првенство на кое учествуваа 32 екипи од цеиот свет. Англискиот тим воопшто не беше меѓу фаворитите за трофејот, но Челзи на крајот имаше шест победи и само еден пораз, а на крајот во финалето со 3:0 славеше над Пари Сен Жермен.
Патот на Челзи на ова Светско клупско првенство започна со победа од 2:0 над Лос Анџелес, а потоа следуваше пораз од бразилскиот Фламенго со 3:1. Во третото коло од групната фаза Челзи со 3:0 славеше над Есперансе од Тунис.
Во нокаут фазата, Челзи со 4:1 ја победи Бенфика, потоа со 2:1 беше подобар од Палмеирас, а во полуфиналето беше подобар од уште еден бразилски ривал и тоа со 2:0 над Флуминесе.
Едноставно, Челзи на овој турнир играше само против два европски тима и ги победи. Славеше два пати од трите пресметки со бразилски ривали, а немаше проблеми во пресметките со ривалите од Африка и САД.
Со победата над ПСЖ, Челзи стана првиот тим кој има титула во Лига на шампиони, Лига на Европа, Конференциската лига на УЕФА, Интерконтиненталниот куп, Супер купот на Европа, а сега и Светско клупско првенство.