24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Челзи обезбеди 78.000 порции за здравствените работници и луѓето од ранливите категории

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, веќе направи неколку одлични потези за време на пандемијата од корона-вирусот. Освен тоа што реши на ниту еден вработен да не му ја намали платата, првиот човек на Челзи направи клубот да биде дел од повеќе хуманитарни акции.

Последната акција во која е вклучен Челзи е поврзана со обезбедувањето храна на здравствените работници и на луѓето од ранливите категории во Велика Британија. Во следните шест недели ќе се делат оброци на оние на кои тоа им е најпотребно, а планот е да бидат поделени 78.000 порции.

- Оглас -

Најнови вести