Челзи обезбеди финале во Конференциската лига, Фиорентина и Бетис ќе играат продолженија (Видео)

Челзи обезбеди пласман во финалето на Конференциската лига на УЕФА, совладувајќи го шведскиот Ѓургарден и во реванш натпреварот со 1-0 на „Стемфорд Бриџ“. Со оваа победа, Сините го заокружија својот пат до финалето со речиси совршен ефект, претрпувајќи само еден пораз – против Легија во четвртфиналето.

Стрелец на единствениот гол во натпреварот беше Керан Дузбери-Хол, кој погоди во 38-та минута. Натпреварот ќе остане запаметен и по историскиот настап на младиот талент Реџи Волш, кој со 16 години и 200 дена стана најмладиот стартер во европска конкуренција во историјата на клубот.

Финалето ќе се игра на стадионот во Вроцлав, Полска, каде Челзи ќе има можност да испише историја – да стане првиот клуб што ги освоил сите четири актуелни европски трофеи на УЕФА: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига и Суперкупот на УЕФА.


Во вториот полуфинален дуел, Фиорентина и Бетис ќе играат продолженија, откако италијанскиот тим победи со 2-1, идентично како што и загуби на првиот меч во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести