Челзи обезбеди пласман во финалето на Конференциската лига на УЕФА, совладувајќи го шведскиот Ѓургарден и во реванш=натпреварот со 1-0 на „Стемфорд бриџ“. Со оваа победа Сините го заокружија својот пат до финалето со речиси совршен ефект, претрпувајќи само еден пораз – против Легија во четвртфиналето.
Стрелец на единствениот гол во натпреварот беше Керан Дузбери-Хол, кој погоди во 38-мата минута. Натпреварот ќе остане запаметен и по историскиот настап на младиот талент Реџи Волш, кој со 16 години и 200 дена стана најмладиот стартер во европска конкуренција во историјата на клубот.
Финалето ќе се игра на стадионот во Вроцлав, Полска, каде што Челзи ќе има можност да испише историја – да стане првиот клуб што ги освоил сите четири актуелни европски трофеи на УЕФА: Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига и Суперкупот на УЕФА.
Во вториот полуфинален дуел, Фиорентина и Бетис ќе играат продолженија откако италијанскиот тим победи со 2-1, идентично како што и загуби на првиот меч во Шпанија.