Челзи оди на сè или ништо, тоа е шанса за Борусија?

3137 ТСЦ Бачка Топола – Црвена ѕвезда (18.30 часот)

ТСЦ е натпросечен тим за српски прилики, четврти е на табелата, во последните четири кола освои 10 бода, но на гости им доаѓа шампионот кој е друго ниво и има освоено 66 од максималните можни 72 бода. ТСЦ на последните четири меча секогаш даваше по два гола, а Ѕвезда четири кола по ред нема примено гол. И ремијата на Ѕвезда се реткост сезонава, но едно од трите беше токму против ТСЦ и тоа во Белград. ТСЦ има само една победа над Ѕвезда во меѓусебните дуели, во јуни 2020 година.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.09)

 

6045 Лацио – АЗ Алкмар (18.45 часот)

Ова е прв меч од осминафиналето во Конференциската лига. Лацио го победи Наполи и со голема самодоверба влегува во овој дуел со Холанѓаните, но проблем е повредата на Имобиле. Тренерот Сари предупреди дека треба да ја заборават победата во Неапол и дека не смее да се потцени АЗ Алкмар. Лацио има серија од девет меча по ред со 0-2 гола во сите натпреварувања, додека АЗ дава барем по еден гол на последните девет средби. Овие екипи досега никогаш не играле една против друга.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.85)

 

6004 Бенфика – Клуб Бриж (21.00 часот)

Орлите од Лисабон првиот меч во Белгија го добија со 2-0 и вечерва дома треба да го потврдат пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Бриж викендов во домашното првенство загуби со 0-3 од Остенде, тешко дека може да останат непоразени против Бенфика која во последните неколку мечеви редовно постигнува барем два погодоци, и не веруваме дека многу ќе калкулира.

Предлог тип: 1+& 3+ (1.76)

 

6001 Челзи – Борусија Дортмунд (21.00 часот)

Борусија во 2023 година реди само победи, пред Челзи е голем испит. Германците во Лондон доаѓаат со предност од 1-0 и ова е предуслов за спектакл на „Стемфорд Бриџ“. Скапиот тим на Челзи мора да оди на сè или ништо, ЛШ им е единствена шанса да освојат нешто, но како играат, чудо би било ако стигнат до трофејот. Борусија од контра го даде голот на првиот меч, домашните не смее безглаво да нападнат. Челзи се мачи во нападот, а вечерва мора да дадат барем два гола за да одат понатаму. Двата тима се некомплетни, им фалат по неколку повредени и суспендирани играчи.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

1012 ВБА – Виган (21.00 часот)

Вест Бромвич има само една победа во последните пет кола, но фаворит е на хартија против Виган кој е претпоследен на табелата во англискиот Чемпионшип, ја има една од двете најлоши одбрани во лигата, а последната победа ја извојува пред речиси еден месец. Последните шест меѓусебни дуели на овие два тима беа неефикасни, завршуваа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)

- Оглас -

Најнови вести