Челзи одигра репризно со Форест, Тотенхем ќе преигрува со Мидлзбро

Челзи го репризираше ланскиот дуел со Нотинген форест исто така во третото коло од ФА купот, со конечни 2-0 на домашен терен. Комбинираниот состав на  Лампард лесно го елиминира второлигашот со головите на Хадсон-Одои во шестата и Баркли во 33-тата минута.

Сините со идентичен резултат на овој ден (5 јануари) минатата година го пречекаа некогашниот европски првак, а во тој меч двата гола ги постигна Мората.

Тотенхем ќе мора да игра реванш со Мидлзбро откако избраниците на Жозе Мурињо ремизираа при конечни 1-1 на гостувањето на „Риверсајд“. Петлите дури мораа да се спасуваат откако се најдоа во негатива по 50 минути игра, Флечер донесе водство за домаќините, а израни Лукас Мура во 61-та минута.

Тотенхем полека запаѓа во криза во последниов период. Нестабилната одбрана е најголем проблем за Мурињо, бидејќи неговиот состав прими барем еден гол во секој од последните седум меча во сите натпреварувања.

Останати резултати од третото коло во ФА купот:

Бристол роверс – Ковентри 2-2, Бартон – Нортхамптон 2-4, Чарлтон – ВБА 0-1, Кру – Барнсли 1-3, Кристал палас – Дерби 0-1, КПР – Свонси 5-1, Шефилд јунајтед – Флајд 2-1.

- Оглас -

Најнови вести