Челзи остана без еден од најскапите фудбалери до крајот на сезоната

Дефанзивецот на Челзи, Весли Фофана, се соочува со сериозен удар во кариерата бидејќи најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на тетивата, изјави менаџерот Енцо Мареска. Ова е уште еден тежок период за Фофана, кој претходно целосно ја пропушти сезоната 2023/24 поради операција на предните вкрстени лигаменти.


Новата сезона Фофана ја започна квалитетно и беше клучен дел од одбраната на Мареска, но повредата против Астон вила минатиот месец го спречи неговиот напредок.

„За жал, Вес ќе биде отсутен подолго време“, изјави Мареска на прес-конференцијата пред саботниот натпревар со Кристал палас.

На почетокот од декември, Челзи беше второпласиран на табелата, но до јануари падна на четвртото место, со 10 бода заостанување зад Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

Фофана пристигна во Челзи од Лестер сити во 2022 година за трансфер од 80,4 милиони евра. Тој потпиша седумгодишен договор, што го прави четвртиот најскап играч во историјата на клубот. Само Енцо Фернандес, Мојсес Каиседо и Ромелу Лукаку се поскапи од него.

- Оглас -

Најнови вести