Лидс јунајтед приреди изненадување на „Еланд роуд“ и со 3-1 го совлада фаворитот Челзи во 14-тото коло на Премиер лигата. Ова беше четврта победа за Лидс сезонава, а тимот покажа голема борбеност од првата минута.
Само шест минути беа потребни за домашните да поведат откако Јака Бијол постигна гол по асистенција од Стах. Челзи се обиде да возврати, но пред полувремето, Танака зголеми на 2-0 и ги стави гостите во тешка ситуација.
Во второто полувреме резервистот Педро Нето намали на 2-1, но радоста на Челзи беше кратка. Во 73-тата минута Доминик Калверт-Луин ја потврди победата на Лидс со лесен гол откако Окафор ја подготви акцијата и ја протна топката под голманот Санчес за конечни 3-1.
Ливерпул ремизира со Сандерленд на „Енфилд“ играјќи 1-1. Долго време мрежите мируваа, а гостите пружија одличен отпор. Во 67-мата минута Чемсдине Талби донесе водство за Сандерленд, но во 81-вата минута Флоријан Вирц го постигна свој прв гол за Црвените, израмнувајќи на 1-1.
До крајот Ливерпул создаде неколку шанси, но не успеа да стигне до победата, а колосална можност имаа и гостите.

