1004 Челзи – Манчестер јунајтед (18.30 часот)
Овој дерби дуел во Лондон ќе биде интересен бидејќи играат два тима помеѓу кои разликата во бодови е само еден, се борат за место во ЛШ, а и двата тима имаат по 15 постигнати голови во првите 10 кола од Премиер лигата. Во претходните три кола, Сините не примија гол (последен пат примиле гол на 1 октомври), а Јунајтед на последните два меча ја зачува мрежата, па и вечерва може да се очекува тврд меч без премногу голови. Неиграњето на Роналдо не е толку голем проблем за Манчестер, веќе се навикнаа без него. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели им завршуваа со резултатот 1-1, а сезона пред тоа, двапати играа без голови. Челзи дома уште од 2017 година нема лигашка победа над Јунајтед.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.18)
1807 Б. Менхенгладбах – Ајнтрахт (18.30 часот)
Ова е дуел на две екипи кои се соседи на табелата, а гостите од Франкфурт имаат само еден бод повеќе. Борусија има четири ремија во досегашните десет кола, но сите на гости, а Ајнтрахт во последните седум кола ниту еднаш не одигра нерешено. За домашните хендикеп е повредата на голманот Зомер, а треба да се вадат за киксот во Купот, каде беа поразени од Дармштад. На последните четири меча во сите натпреварувања, Борусија секогаш прима барем два гола, а Ајнтрахт на три меча по ред дава барем два гола. На последните четири дуели на овие екипи во Мехненгладбах, паѓаа четири или повеќе голови, и секогаш имаше победник.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.76)
3004 Фиорентина – Интер (20.45 часот)
Виолетовите имаат постигнато само 8 гола во десет кола, понеефикасен тим од нив во Серија А е само Сампдорија. Фиорентина во последните три кола освои само еден бод. Интер е само седми на табелата, во десет кола претрпе четири порази, а нема ниту еден нерешен исход. Нераѕурите за четири дена имаат многу важен меч со Викторија Плзен во ЛШ кој мора да го добијат, па можеби малку и ќе калкулираат вечерва. Интер победуваше во Фиренца на своите последни две гостувања, и тоа со по два гола разлика. Фиорентина пет и пол години не славела против Интер.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.16)
1703 Марсеј – Ленс (21.00 часот)
Марсеј има два порази по ред, па го загуби чекорот со ПСЖ во трката за првото место, а на табелата се најдоа и зад Ленс, кој има бега еден бод. До пред три кола, овие два тима не знаеја за пораз. Марсеј ретко игра нерешено, а Ленс има низа од пет меча по ред со 0-1 гол. Во минатата и предминатата сезона, Ленс победуваше на „Велодром“, па редно е домашните да ја прекинат оваа црна мини-серија и да останат непоразени.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.91)
1304 Реал Мадрид – Севилја (21.00 часот)
Севилја има серија од три меча по ред без пораз, почнаа да се креваат со новиот тренер, но вечерва имаат тешка задача. Реал Мадрид е лидер, најефикасен тим е во лигата, и во десет кола има девет победи и едно реми. Кај овој пар, двојката ја исклучуваме како опција. Андалузијците 14 години не победиле на „Бернабеу“. Реал на последните четири домашни мечеви против Севилја, секогаш даваше по два гола. Куртоа се враќа на голот на Реал, а за Иско ова е прв дуел против Реал по заминувањето од Кралскиот клуб.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)