Челзи планира шокантна понуда до Арсенал за Обамејанг

Челзи летово ќе се обиде да го шокира Арсенал со понуда за ѕвездата на Топчиите, Пјер-Емерик Обамејанг.

Габонецот е лидер на нападот на Арсенал, има 61 гол на 97 меча откако дојде од Борусија Дортмунд, па Сините сакаат да го искористат фактот што договорот му истекува следното лето и ова лето е последна шанса за Арсенал да заработи на Оба (би се задоволиле со 50 милиони фунти), во спротивно може да го загуби без да добие нешто и тој бесплатно да си замине во 2021.

Според англиските медиуми, тренерот Френк Лампард сака Челзи да се вклучи во битката со останатите европски гиганти за потписот на голгетерот. Лампард смета дека со доведување на Обамејанг, напаѓачката моќ на тимот ќе биде поголема. За да направи место за Габонецот, Челзи ќе се раздели со Оливие Жиру и Миши Батшуаји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести