Челзи го доведе првото засилување во пресрет на новата сезона. Се работи за 22-годишниот напаѓач Лиам Делап, кој во сезоната која што неодамна заврши, го носеше дресот на Ипсвич.
Екипата на Ипсвич испадна од Премиер лигата, а Делап беше единствената точка во составот. Напаѓачот постигна 12 голови во 37 меча во Премиер лигата, а интересно е дека токму тој го „реши“ Челзи кога Ипсвич славеше со 2:0, а Делап даде еден гол и асистираше за вториот погодок.
Челзи плати 35 милиони евра за потписот на Делап, сума која стоеше во клаузулата во случај Ипсвич да испадне. Пред само една година, Делап во Ипсвич дојде за 18 милиони евра од Манчестер сити, што значи дека клубот кој испадна од Премиер лигата сега заработи речиси двојно повеќе.