Челзи плати 35 милиони евра за најдобриот фудбалер на Лестер

Новиот тренер на Челзи, Енцо Мареска, со себе на „Стемфорд бриџ“ го донесе и најдобриот фудбалер на Лестер, екипата со која успеа да обезбеди пласман во Премиер лигата за следната сезона.

Кирнан Девсбери-Хол следните шест сезони ќе биде дел од Челзи, а клубот од Лондон за неговите услуги на Лестер му плати 30 милиони фунти, односно околу 35 милиони евра.

Сепак, она што е зачудувачко во овој трансфер е должината на договорот бидејќи новиот фудбалер на Челзи се обврза на шестгодишна соработка, иако голем дел од фудбалерите кои имаа долги договори со Челзи, многу рано си заминуваа од „Стемфорд бриџ“, а притоа најчесто со себе понесоа и полна торба со пари.

- Оглас -

Најнови вести