Челзи по секоја цена сака да го задржи Хадсон-Одои

Калум Хадсон-Одои непосредно по стартот на сезоната, ги активираше алармите на Баерн Минхен, па сега германскиот првак се обидува да го откупи младиот Англичанец од редовите на Челзи. За него нудат енормни суми, ако се земе предвид дека се работи за фудбалер кој има само 18 години и сè уште не е докажан меѓу сениорите. Последната одбиена понуда стигна до 40 милиони евра, Челзи нема намера да се откаже од својот производ од фудбалската школа.

Токму затоа, раководството на клубот од Лондон подготви нов договор за Хадсон -Одои, според кој ќе заработува тројно повеќе. Поточно, новата неделна плата би изнесувала 50.000 фунти, додека таа може да се зголеми на 70.000 фунти по крајот на сезоната.

„Баварците“ на сите начини се обидуваат да го придобијат талентираниот офанзивец во кого гледаат како долгорочна замена за Арјен Робен, но доколку најавите на англиските медиуми се точни, тие ќе ја загубат битката за неговиот потпис, a Хадсон-Одои со новиот договор ќе добие она што го бара од неговиот матичен клуб и тренерот Маурицио Сари – поголема минутажа.

- Оглас -

Најнови вести