Челзи победи по 38 дена во Премиер лигата, Мудрик со прв гол за Сините од Лондон (Видео)

Екипата на Челзи конечно ја прекина црната серија во Премиер лигата и успеа да победи по 38 дена пауза. Жртва на екипата од „Стемфорд бриџ“ беше Фулам, кој уште во првото полувреме имаше негатива од 0-2 на домашен терен, што на крајот се покажа дека е и конечен резултат на овој натпревар.

Резултатот го отвори Украинецот Мудрик во 18-тата минута, што за него е прв погодок во дресот на Челзи од неговото пристигнување од Шахтар Донецк во јануари годинава.

Конечните 0-2 ги постави Армандо Броја само една минута подоцна, односно во 19-тата минута.

Челзи со оваа победа дојде до осум бода, со кои се искачи на 11-тата позиција на премиерлигашката табела.

- Оглас -

Најнови вести