28.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Челзи почна со голем хендикеп, заврши само со реми против Евертон (Видео)

Актуелниот европски првак Челзи не успеа да се низвлече од незгодната ситуација со Ковид-19 и одигра само нерешено 1:1 вечерва во 17. коло во Англија против Евертон.

Домаќините имаа многу проблеми и поради позитивен тест на Ковид-19 не им играа Лукаку, Вернер, Хадсон-Одои, Чилвел и Ковачиќ, а и Хаверц беше отсутен, бидејќи чекаше резултати од тестот.

И во таква ситуација со огромен хендикеп, Челзи поведе со голот на Мејсон Маунт во 70. минута.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1471589546076876804?s=20

Евертон израмни на 1:1 и освои вреден бод на „Стемфорд Бриџ„ со дебитантскиот погодок на 19-годишниот Џеред Брентвејт во 74. минута.

Челзи остана на третото место со 37 бода, а Евертон е 14-ти со 19 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести