5.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Челзи подготвува 80 милиони фунти за офанзивец на Астон вила?!

Морган Роџерс е еден од фудбалерите кои ќе бидат во фокусот на летниот преоден рок. Многу екипи веќе се распрашуваат за фудбалерот на Астон вила, а од „Вила парк“ ги чекаат понудите.

Во Астон вила очекуваат вистинско богатство за офанзивецот кој во моментов вреди неверојатни 70 милиони евра, а пред само две години го купија за нешто над девет милиони евра од Мидлсборо.

Очекувањата се дека „Стемфорд Бриџ“ ќе биде негова следна дестинација, а од Челзи се подготвуваат да понудат 80 милиони фунти, односно преку 90 милиони евра и на тој начин да ја откажат конкуренција.

На „Вила парк“ радо би ја прифатиле оваа понуда, а конечната разврска се очекува на почетокот од летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести