Големи промени во екипата на Челзи се подготвуваат и ова лето. По разделбата со тренерот Маурисио Покетино, на негово место беше ангажиран Енцо Мареска, па сега на ред дојде и играчкиот кадар.
Раководството на клубот е подготвено да плати 120 милиони евра за двајца фудбалери, Бенџамин Шешко од Лајпциг и Мајкл Олисе од Кристал палас. Бундеслигашот е подготвен да го продаде словенечкиот интернационалец за 65 милиони евра, додека клаузулата на Олисе е 55 милиони евра.
Сепак, интерес за Шешко има и од екипата на Арсенал, па останува да се види каде ќе потпише Словенецот.